Двајца вљубени, многу блиски, роднини и пријатели, завет за вечна љубов и почит, целовечерно музичко уживање во акустичен простор, осветлување прилагодено на целата атмосфера по највисоки стандарди, декорации по последните светски трендови, како и храна од кујната на врвните готвачи.

Сето ова во амбиент создаден со една цел – славење на љубовта. Оваа „бајка“ викендов се претвори во реалност со одржување на првата свадба во новиот ресторан за свадби, настани и свечености Аликас.

Изминатиов викенд се одржа првата свадба, а овој среќен пар ја имаше честа да го отвори ресторанот. Свечениот чин и првата свадбена прослава може да ги видите од видеото подолу, како и да го видите целокупниот амбиент, кој заедно со насмеаните лица создава една комплетна приказна за идеалната свадба.

Ресторанот Аликас претставува уникат меѓу угостителските објекти, како по својата мултифункционална конструкција прилагодена за сите временски услови, така и по ентериерот во внатрешноста, каде што веднаш добивате чувство дека се е на свое место и буквално ништо не недостига.

 

Аликас се наоѓа во Визбегово, на 5 км од центарот на градот, со зелена површина идеална за одржување на матитично во потполно романтичен амбиент.

Ресторанот располага со капацитет од 250 до 400 гости, со обезбедени 100 паркинг места. Крунисајте ја својата љубов со свадба каква што отсекогаш сте посакувале, а Аликас е тука да ги исполни сите ваши желби.