Кога одреден локал за многу кратко време ќе привлече големо внимание, мора да се запрашаме што е тоа по кое се разликува од останатите? Што го прави тоа место уникатно за секој да посака својата свадба да ја прослави таму?

Штом станува збор за ресторан за свадби и други свечености, веројатно веќе претпоставувате дека зборуваме за новото омилено место каде што се слави љубовта – ресторанот Аликас.

 

Ги запрашавме и сопствениците која е тајната на големиот успех за толку кратко време, а тие велат дека не постои тајна кога знаете што сакате да постигнете, се што ви треба е многу љубов и напорна работа и на тој начин резултатите ќе бидат неизбежни.

Одговорот, сепак, доаѓа сам по себе откако ќе ви се случи љубов на прв поглед при првата посета на Аликас.

 

На самиот влез добивате чувство дека се е на свое место и нема нешто што би додале. Целиот објект е изграден толку внимателно до најситните детали, што и најголемите перфекционисти не би нашле замерка.

 

Внатрешниот дел е прилагодлив за сите временски услови, а светлата, акустиката во просторот и декорациите создаваат одлична атмосфера и го претвораат ресторанот во совршено место за забава, проследено со вкусна храна од кујната на врвните мајстори.

 

Во другиот дел од објектот, се наоѓа собата за невести каде што се создадени сите потребни услови, секоја невеста да се чувствува посебно на својот ден.

 

Во пространиот надворешен дел, на зеленилото е сместено матичното, за крунисување на љубовта во романтична атмосфера, па поради се ова не е ни зачудувачки што сите позитивни критики одат на сметка на Аликас.

Освен поради својот уникатен изглед и мултифункционалност, ресторанот Аликас е вистинскиот избор затоа што целата организација ја препуштате во рацете на професионалци, а на вас останува само да заблескате на вашата свадба од соништата.

Благодарение на Аликас, свадбата повеќе не претставува обврска туку само причина за забава и славење на љубовта.