FOLLOW US

SEARCH SITE BY TYPING (ESC TO CLOSE)

ул.Качанички пат 148, Визбегово
078/33-24-33 | 078/33-26-33 | Телефон за нарачки од ресторан: 077/55-52-48

Skip to Content

About: admin

Најнови објави одadmin

ВАКА ИЗГЛЕДА НОВООТВОРЕНИОТ ЕЛЕГАНТЕН И УНИКАТЕН РЕСТОРАН АЛИКАС (ФОТО+ВИДЕО)

Двајца вљубени, многу блиски, роднини и пријатели, завет за вечна љубов и почит, целовечерно музичко уживање во акустичен простор, осветлување прилагодено на целата атмосфера по највисоки стандарди, декорации по последните светски трендови, како и храна од кујната на врвните готвачи.

Сето ова во амбиент создаден со една цел – славење на љубовта. Оваа „бајка“ викендов се претвори во реалност со одржување на првата свадба во новиот ресторан за свадби, настани и свечености Аликас.

Изминатиов викенд се одржа првата свадба, а овој среќен пар ја имаше честа да го отвори ресторанот. Свечениот чин и првата свадбена прослава може да ги видите од видеото подолу, како и да го видите целокупниот амбиент, кој заедно со насмеаните лица создава една комплетна приказна за идеалната свадба.

Ресторанот Аликас претставува уникат меѓу угостителските објекти, како по својата мултифункционална конструкција прилагодена за сите временски услови, така и по ентериерот во внатрешноста, каде што веднаш добивате чувство дека се е на свое место и буквално ништо не недостига.

 

Аликас се наоѓа во Визбегово, на 5 км од центарот на градот, со зелена површина идеална за одржување на матитично во потполно романтичен амбиент.

Ресторанот располага со капацитет од 250 до 400 гости, со обезбедени 100 паркинг места. Крунисајте ја својата љубов со свадба каква што отсекогаш сте посакувале, а Аликас е тука да ги исполни сите ваши желби.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЗОШТО АЛИКАС Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВАШАТА СВАДБА?

Кога одреден локал за многу кратко време ќе привлече големо внимание, мора да се запрашаме што е тоа по кое се разликува од останатите? Што го прави тоа место уникатно за секој да посака својата свадба да ја прослави таму?

Штом станува збор за ресторан за свадби и други свечености, веројатно веќе претпоставувате дека зборуваме за новото омилено место каде што се слави љубовта – ресторанот Аликас.

 

Ги запрашавме и сопствениците која е тајната на големиот успех за толку кратко време, а тие велат дека не постои тајна кога знаете што сакате да постигнете, се што ви треба е многу љубов и напорна работа и на тој начин резултатите ќе бидат неизбежни.

Одговорот, сепак, доаѓа сам по себе откако ќе ви се случи љубов на прв поглед при првата посета на Аликас.

 

На самиот влез добивате чувство дека се е на свое место и нема нешто што би додале. Целиот објект е изграден толку внимателно до најситните детали, што и најголемите перфекционисти не би нашле замерка.

 

Внатрешниот дел е прилагодлив за сите временски услови, а светлата, акустиката во просторот и декорациите создаваат одлична атмосфера и го претвораат ресторанот во совршено место за забава, проследено со вкусна храна од кујната на врвните мајстори.

 

Во другиот дел од објектот, се наоѓа собата за невести каде што се создадени сите потребни услови, секоја невеста да се чувствува посебно на својот ден.

 

Во пространиот надворешен дел, на зеленилото е сместено матичното, за крунисување на љубовта во романтична атмосфера, па поради се ова не е ни зачудувачки што сите позитивни критики одат на сметка на Аликас.

Освен поради својот уникатен изглед и мултифункционалност, ресторанот Аликас е вистинскиот избор затоа што целата организација ја препуштате во рацете на професионалци, а на вас останува само да заблескате на вашата свадба од соништата.

Благодарение на Аликас, свадбата повеќе не претставува обврска туку само причина за забава и славење на љубовта.

 

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СКОПЈЕ ИМА НОВО МЕСТО КАДЕ ЌЕ ЈА ОСТВАРИТЕ СВОЈАТА БАЈКА, КАДЕ ЌЕ ЈА ИМАТЕ СОВРШЕНАТА СВАДБА

Стапувањето во брак е започнување ново поглавје во животот, нов почеток, а секој нов почеток треба да се слави, да се влезе во новото поглавје со радост и среќа, со најблиските.

Свадбените прослави се важен настан за младоженците и нивните семејства, а секако многу е важен амбиентот во кој се прославува новиот почеток.

Во Скопје има нов простор, совршен за вашата бајка, совршен за нов почеток. Ресторанот „Аликас“ зад чие значење стои зборот „извор“ е местото каде извира вашата љубов, слога…вашата среќа.

Алликас е ресторан кој се наоѓа на 5 километри од центарот на Скопје, во пријатна и тивка околина. Се протега на голема зелена површина, каде ресторанскиот дел изнесува 600 м2 и е со капацитет од 250 до 400 гости.

На зеленилото е превидено да се прават свадби и прослави под отворено небо, нудејќи посебно доживување во топлите летни вечери под звезденото небо, а исто така е организирано одржување на матично во романтична атмосфера, со вашите најблиски. 

Создаден по сите стандарди и да ги задоволи сите потреби на гостите, ресторанот обезбедува паркинг-места за 100 возила, со постојан видео-надзор, како и игротека за најмалите гости.

   Салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби, во летниот период се отвара и се прилагодува за топлите летни денови, а зиме е затворена, со стаклена фасада, нудејќи необичен и елегантен амбиент.

Просторот е опремен со посебна технологија за одржување на температурата, па така истиот е пријатен во било кое годишно време, преку подното ладење и греење.

 Елегантен и модерен амбиент, создаден по сите светски стандари со цел вашата свадбена прослава да биде една бајковита приказна која сите ќе ја паметат. 

Тимот на Алликас е тука да се погрижи да имате совршен ден, нудејќи гратис услуги како професионално осветлување и украсување, сликање и снимање, организирање на матично во елегантниот двор на ресторанот, како и хостеси за пречек на вашите гости. Со што на вас останува само да уживате во вашиот посебен ден.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

 

Најнови коментари admin

    Нема коментариadmin